Лондон и Париз ќе ги координираат нуклеарните сили за одвраќање на Русија
Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт, објавија британските медиуми по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Лондон.
Ракетата „Сторм Шадоу“, или СКАЛП како што ја нарекуваат Французите, има долг дострел и веќе се користи од страна на Украина за напади во длабочина на руската територија. Двете држави со години разговараат за развој на нова генерација ракети, но сега, со оваа посета, официјално започнува следната фаза од проектот.
Заедничкиот развој ќе обезбеди над 1.300 работни места во Велика Британија, соопшти Владата во Лондон.
На третиот ден од државната посета на Макрон, тој и британскиот премиер Кир Стармер ќе потпишат и договор за продлабочување на нуклеарната соработка. Двете земји – единствените нуклеарни сили во Европа – ќе изразат подготвеност за координација на нивниот нуклеарен арсенал со цел одвраќање од потенцијални закани како Русија.
Оваа декларација доаѓа во момент кога администрацијата на Трамп во САД бара од европските сојузници во НАТО да преземат поголема одговорност во безбедноста на континентот.
– Од војната во Европа, до зголемени нуклеарни ризици и секојдневни сајбер-напади – заканите растат. Како блиски партнери во НАТО, Британија и Франција имаат долга традиција на одбранбена соработка, а новите договори го подигнуваат ова партнерство на ново ниво, изјави Стармер.
– Ова партнерство ја зајакнува нашата лидерска позиција во Европа, обезбедува континуирана поддршка за Украина и испраќа јасна порака до нашите противници – заедно сме посилни, додаде британскиот министер за одбрана, Џон Хили
Како надградба на договорите од Ланкастер Хаус од 2010 година, двете држави ќе го засилат и заедничкиот воен капацитет „Обединети сили“, како и соработката во одбранбената индустрија – особено во областа на вештачката интелигенција и оружја со директна енергија – преку нова програма наречена „Индустриска Антанта“.
Ново на Сител
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд