Локалниот потенцијал од Пелагонија на Саем за туризам и експанзија на мали бизниси
Органска храна и зачини, врвни деликатеси, рачно изработен накит, нови туристички капацитети по најповолни цени, ексклузивна облека, ќе бидат изложени на вториот регионален Саем за туризам и експанзија на мали бизниси, кој ќе биде отворен денеска во Центарот за дизајни иновации „Јавна соба“, кој овој пат ја претставува Пелагонија како нов економски мотор во Македонија.
Целта на саемот е да се доближи локалниот потенцијал од Пелагонија пред пошироката публика.
Она што особено ќе ја освои урбаната публика во Скопје се: свежо приготвена преспанска белвица и крап, крушевски локум, пелистерски мед, слатка и мармалади од нови локални производители, пикантни макала и сосеви, дивеч приготвен на преспански начин, накит и ракотворби.
Посетителите ќе можат да учествуваат во дегустации на храна, како и на работилници за изработка на вез, накит и вапцање на јајца. Дополнително, на саемот ќе се претстави и „Мариово off road“, понуда за авантуристи како дел од спортско-рекреативната понуда во Пелагонија.
Саемот, кој ќе заврши утре, го организираат локалните акциони групи Пелагонија и Агролидер, со поддршка од Проектот на УСАИД, кофинансиран од Владата на Швајцарија. Влезот на саемот е бесплатен.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши