Локализран пожарот кај „Треска“
Пожарот кај поранешната фабрика „Треска“ е локализиран и речиси целосно изгаснат, благодарение на брзата реакција на надлежните, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на пожарот.
Противпожарната бригада, како што соопшти Општина Центар, го гаснеше пожарот со десет возила, а Општинскиот кризен штаб, заедно со градоначалникот Герасимовски и со екипите на Црвениот крст им даваа поддршка на пожарникарите.
– Заедно со екипите на Општина Центар остануваме на терен, а кризниот штаб во состав од претставници на МВР, инспекциските служби на општината и противпожарна служби веднаш одржа состанок. Голема благодарост до сите за брзата и ефикасна реакција. Во оваа незгода за среќа нема повредени, изјави Герасимовски.
Жителите и вработените во околните продавници, додаваат, беа навремено евакуирани, а Герасимовски упати апел до граѓаните додека трае интервенцијата, да го избегнуваат метежот кој се создаде на околните улици.
Ново на Сител
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици