-->
-->
Локализирани пожарите во Струга, Кадино и Македонски Брод
-->
Вчера во Полициската станица Струга било пријавено дека во шума на место викано „Глобочица“ настанал пожар во кој била зафатена површина од околу два километри. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга и мештаните пожарот бил изгаснат.
Во СВР Скопје вчера во 18:24 часот било пријавено дека во село Кадино, на место викано „Стари лозја“ настанал пожар на стрниште, при што биле опожарени околу три хектари лозови насади и родни дрвца. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна единица.
Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во село Крапа, на место викано „Орев“, во близина на манастир „Св.Илија“ настанал пожар, при што била опожарена сува трева и високостеблеста дабова шума. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод пожарот бил локализиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци