Македонија
11. October 2023 - 20:06

Локализиран пожарот во Студеничани, хеликоптерот на МВР исфрли над шест тони вода | ВИДЕО

Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на местото Црвена вода во општина Студеничани, го упати хеликоптерот Бел-412 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрли над шест тони вода.