Локализиран пожарот во поранешната фабрика „1 Мај" во Куманово
Локализиран е пожарот што 13 пожарникари со три противпожарни возила од ТППЕ Куманово, претпладнево го гасеа на објект во поранешната фабрика за градежна столарија „1 Мај„ во Куманово. Пожарот околу 10:30 часот избувнал во погонот познат како стара фарбара.
- Пожарот е ставен под контрола и не постои можност за понатамошно проширување. Сепак, наша екипа ќе остане на терен се до целосното ликвидирање, изјави Дејан Илиевски, командирот на ТППЕ Куманово.
Тој додаде дека станува збор за објект со значителна површина и дека целиот објект бил во пламен.
Причините за настанување на пожарот и настаната материјална штета допрва ќе се утврдуваат.
Очевидци раскажуваат дека екипата на ТППЕ Куманово веднаш пристигнала на терен, а од Кумановската противпожарна единица додаваат дека успешно е спречено проширувањето на пожарот, особено ако се земе во предвид дека сите објекти во поранешната фабрика се поврзани еден со друг.
Во минатото во фабриката за производство на столарија, врати и прозорци работеа и по двесте работници.
Ново на Сител
-
Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми
-
Каселакис го прашува Мицотакис што направил за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“
-
Пробиени две брани во поплави во јужна Германија
-
Мицотакис оптимист дека Нова демократија на евроизборите ќе го повтори успехот од пред пет години
-
Герапетритис: Грција го поддржува меѓународното право и го почитува ратификуваниот меѓународен договор, истото го бараме и од Северна Македонија
-
Офир Фалк, главен советник на Нетанјаху: Планот не е добра зделка, но Израел го прифаќа
-
ОЈО: Извршен увид на местото на убиството во Боговиње
-
Во Собранието утре прва официјална координација