Локализиран пожарот над тетовското село Вешала
Пожарот над тетовското село Вешала е целосно локализиран, а ситуацијата се следи, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.
Пожарот, според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово, е локализиран околу 12 часот.
- Но, тоа не значи дека е целосно изгаснат бидејќи се догасуваат одредени потенцијални жаришта на опожареното. Според развојот на ситуацијата, Центарот за управување со кризи директно со институциите од Системот за управување со кризи конкретно со Националниот парк, ДЗС, МВР, ТППЕ и други, а и преку Регионалниот ЦУК на Тетово локално во Општина Тетово, ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација и координација за соодветно дејствување согласно потребата, поточно барањата и известувањата на ангаќираните сили, а и според метеоролошките прилики на терен, се вели во информацијата од ЦУК.
Пожарот на тетовското село Вешала избувна вчера попладне.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп