Локализиран пожар кај месноста Каменарски рид во Македонска Каменица
Палење на стрниште денеска попладне можеше да предизвика пожар од пошироки размери кај месноста Каменарски рид во Македонска Каменица.
Како што информираше Малин Трајчевски од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица пожарот бил локализиран околу 18.00 часот.
– Денеска во 14:30 минути имавме дојава за пожар кај месноста Каменарски рид. Екипа на ТППЕ од М.Каменица составена од двајца пожарникари и едно против пожарно возило веднаш се упати на споменатата локација и започна со гаснењето на пожарот. Во гаснењето се вклучи едно лице од месното население како и едно лице вработено во Шумско стопанство при што пожарот целосно беше локализиран во 18.00 часот. Во пожарот беа зафатени осум хектари сува трева, трње, папрат и мал дел букова шума, информира Трајчевски.
Од каменичката територијална противпожарна единица апелираат граѓаните да се воздржуваат од палење стрништа, бидејки во случај како денешниот, штетата може да биде голема.
Пред неколку дена пожарникарите од М.Каменица интрвенираа во две акции на запалени оџаци кои за среќа не предизвикаа материјална штета
Ново на Сител
-
Со лажни фактури за поврат на ДДВ, државниот буџет олеснет за 90 милиони евра
-
30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Мицкоски: Ако извештајот повторно не се изгласа, проблем не се Бугарите во Уставот, туку македонскиот идентитет
-
Мицкоски: Новиот Клинички центар ќе биде поевтин од оној што го промовираше претходната Влада
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ