Локален совет за превенција на општина Чаир: Засилени мерки за справување со Ковид-19
Вчера (09.06) во општина Чаир претставници на МВР присуствуваа на седница на Локалниот совет за превенција на тема „Потреба за почитување на мерките на Министерство за здравство и комисијата за заразни болести на граѓани на подрачје на општина Чаир“, а со цел подигање на свеста на граѓаните.
На седницата беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои зајакнување на соработката на општина Чаир со Кризниот штаб и Министерството за внатрешни работи- Полициската станица од општа надлежност Бит пазар. Исто така, членовите на Локалниот совет за превенција на општина Чаир побараа од Министерството за внатрешни работи преземање на засилени превентивните мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата кои не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.
СВР Скопје периодов одржува кординативни средби со претставници на стопанските субјекти како што се сопственици на угостителски објекти ,одговорни лица на зелените пазари претставници од обложувалници ,маркети ,банки преземајќи превентивни мерки со укажување на потребата за придржување на мерките и протоколите донесени од Владата. Министерството за внатрешни работи известува дека активностите ќе продолжат се додека е во важност Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со цел подигање на јавната свест.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот