Живот
1. September 2015 - 12:40

Логото на Олимписките игри 2020 во Токио плагијат и ќе мора да се менува

Олимпискиот комитет на Јапонија заклучи дека логото на Олимписките и Параолимписките игри, што ќе се одржат во Токио во 2020 година навистина е плагијат на логото на театарот од Лиеж, Белгија и дека не смее да се употребува.

Олимпискиот комитет од Јапонија денеска одржува вонредна конференција на која треба да се најде решение на проблемот. Поради интензивни контакти со раководството на театарот во Лиеж, а особено поради временската разлика меѓу Белгија и Јапонија, на новинарите им е соопштено дека, каква и да е, одлуката ќе им биде соопштена доцна навечер.