-->
-->
ЛН:Ќе „изостане“ ли спектакуларниот бараж со Косово во Скопје
-->

Косовските медиуми тврдат дека УЕФА и ФИФА може да го суспендира Косово од сите интернационални натпреварувања, што може да значи дека македонската фудбалска репрезентација директно ќе се пласира во баражот за пласман на Евро 2020 со подобриот од дуелот Белорусија-Грузија.
Според извори на „Косово онлајн“ и „РТК1“, на Косово му се заканува оваа казна поради обидот за смена на претседателот на фудбалскиот сојуз Агим Адеми, односно поради мешањето на политиката во фудбалот, а казната би била од две до пет години, што значи дека би можело да следува и суспензија и за квалификациите на Светското првенство на СП во Катар во 2022.
ФИФА и УЕФА обично стриктно ги спроведуваат правилата за немешање на политиката во спортот и претходно им доделување суспензии на Нигерија и на Камерун, како и на Кувајт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
