Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата

Во процес се преговорите и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе ги имате информациите, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на новинарско прашање дали се точни неофицијалните информации дека и тој ќе биде опфатен со реконструкција на Владата.
На прашањето дали има желба и натаму да го води ресорот, Љутков одговори дека процесот е на средина, а тој секогаш ќе стои зад културата.
-На средина сме на процесот. Како што кажав, сè уште течат преговорите и ќе видиме. Но, што и да се случи, јас сум тука и секогаш стојам зад културата. Затоа што културата е нашиот идентитет, нашата традиција и мислам дека е најважнато министерство во една влада, рече Љутков на прес-конференцијата посветена на работата во изминатите две години.
МИА
Ново на Сител
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
-

Рокас: Реформите напредуваат
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
