Македонија
19. November 2021 - 20:59

Љупчо Николовски ќе ја напушти партиската функција откако Заев ќе ја ефектуира оставката

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски za ТВ24 изјави дека ќе ја напушти партиската функција откако лидерот на партијата ќе ја ефектуира оставката.

-Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот и да не се вратиме во времето на страв и на реваншизам, против кое се боревме, изјави Николовски.