Македонија
23. March 2017 - 15:08

Љубовна драма во Скопје: Младо момче со забоден нож донесено во болница

Во 12 часот и 30 минути во Скопје, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен 24-годишниот А.Ј. од Скопје со убодна рана во пределот на грбот, во близина на срцето.

Со повредата се здобил во близина на неговиот дом, по претходна вербална расправија за љубовна врска со некоја девојка, при што од страна на Е.Н. му била нанесена повредата. На истиот му била констатирана тешка телесна повреда и ќе биде задржан за понатамошно лекување, пренесе полицијата.

Момчето се наоѓа надвор од животна опасност.