-->
-->
Ливерпул за рекордни 75 милиони фунти го ангажира Ван Дајк
-->

Раководството на Ливерпул се согласи да плати рекордна сума за дефанзивниот фудбалер Виргил ван Дајк.
По тајните преговори кои ги водеа челниците на двата клуба, Ливерпул се согласил да исплати 75 милиони фунти, што претставува светски рекорд за еден одбранбен фудбалер. Ангажирањето на 26-годишниот холандскиот фудбалер го потврдија и од тимот на Ливерпул.
Инаку, минатото лето Ливерпул испрати формална понуда до Саутемптон, во износ од околу 60 милиони фунти, која екипата на Саутемптон веднаш ја одби.
Што се однесува до личните услови на Холанѓанецот, тој би заработувал околу 180.000 фунти неделно.
Со тоа, овој трансфер стана најголемиот на еден одбранбен фудбалери, бидејќи претходниот изнесуваше 54 милиони фунти сума која ја плати Манчестер Сити за во своите редови да го донесе Кајл Вокер.
Сумата од 75 милиони фунти, исто така, ќе биде на ниво со трансферот на Ромелу Лукаку, како втор најскап трансфер во историјата на Премиер Лигата, зад досега најголемиот трансфер на Пау Погба за кој Манчестер Јунајтед плати 90 милиони фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина