Ливерпул: Се повреди Мане
Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, поради поврерда на коленото со која се здоби на градското дерби со Евертон, најверојатно ја заврши сезоната.
Сенегалецот Садио Мане, највлијателниот играч на Ливерпул, како што соопшти менаџерот Јирген Клоп, веројатно ја завршил сезоната. Мане го повреди коленото, во вториот дел од градското дерби со Евертон. Ливерпул тој дуел го доби 3:1, а Мане го постигна првиот гол.
„Не сум 100 отсто сигурен, не е јасно во каква состојба е неговото колено, ќе мора малку да почекаме. Сигурен сум дека нема да игра во среда, има оток на коленото, ја чекаме анализата на докторите“, рекол Клоп.
Ливерпул со Мане во тимот, оваа сезона победи на 17 од 26-те натпревари, додека на четири натпревари не бил во тимот и тие дуели Ливерпул ги загуби.
„Црвените“ на Клоп, по 30.кола во Премиерлигата, се наоѓаат на третото место со 59 бодови, десет помалку од лидерот Челзи.
Ново на Сител
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ