Ливерпул и ПСЖ обезбедија четвртфинале во ЛШ
Ливерпул со две победи од по 2:0 го елиминираше вечерва Лајпциг во осминафиналната пресметка во Лигата на шампиони (ЛШ), а пласман меѓу осумте најдобри екипи во елитното клупско натпреварување обезбеди и Пари Сен-Жермен (ПСЖ), одигрувајќи 1:1 на домашен терен против Барселона.
Предноста од 4:1 од првиот натпревар, францускиот првак ја зголеми во 31 минута преку Килијан Мбапе од пенал, а Барселона израмни шест минути подоцна со фантастичен гол на Лионел Меси од преку 30 метри.
Капитенот на каталонскиот тим во последната минута од првото полувреме можеше да донесе целосен пресврт, но Кејлор Навас го одбрани неговиот удар од белата точка. Претходно, на средина од полувремето Барселона, која целосно доминираше на теренот, пропушти уште една голема шанса, кога Сержињо Дест ја погоди само гредата од голот на ПСЖ.
Барселона продолжи да доминира на теренот и во второто полувреме, но Навас беше несовладлив на голот на ПСЖ.
Ливерпул на неутрален терен во Будимпешта со головите на Мохамед Салах во 70 минута и на Садио Мане четири минути подоцна по втор пат триумфираше над Лајпциг и со вкупен резултат од 4:0 обезбеди четвртфинале во Лигата на шампиони.
Пласман во четвртфиналето први во вторникот обезбедија Борусија Дортмунд и Порто.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
