Фудбал
5. August 2017 - 14:26

Ливерпул два месеца без Лалана

Премиерлигашит Ливерпул новата сезона ќе ја почне без еден од стандардните првотимци последните сезони и англиски репрезентативец Адам Лалана. Играчот од средината на теренот се поведи за време на финалето од „Ауди купот“ што Ливерпул го играше во средата во Минхен против Атлетико Мадрид.
-         Лалана ќе биде надвор од теренот во август и во септември. Тоа секако не се вести што сакавме да ги слушнеме, изјави менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.
29-годишниот фудбалер има повреда на „задња ложа“, а истата повреда ја доби и неговиот соиграч Даниел Стариџ на натпреварот во вторникот со Баерн, но не е толку сериозна и нема да има голема пауза.
Ливерпул во првото коло од Премиер лигата гостува кај Вотфорд (12.август), а првиот бараж дуел од Лигата на шампионите против Хофенхајм го игра на гости на 15.август.