Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
Литванскиот претседател Гитанас Науседа го критикуваше неуспехот на западните лидери да ги остварат своите закани за санкции против Русија поради војната во Украина, јави ДПА.
Коментирајќи дали германскиот канцелар Фридрих Мерц го поткопал кредибилитетот на Европа, Науседа за германскиот весник „Билд“ изјави: „Апсолутно, тоа е проблем“.
„Ова не само што влијае на кредибилитетот на нашите санкции, туку и на кредибилитетот на сите наши мерки кон Русија и нашата поддршка за Украина“, рече претседателот.
По посетата на Киев минатиот месец, Мерц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск, ја повикаа Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
„Често објавуваме дека ќе ја поддржиме Украина и дека ќе и обезбедиме борбени авиони, ракети со голем дострел и муниција, но не сме во позиција да ги одржиме тие ветувања“, рече Науседа.
На украинската страна и е потребна опрема и муниција сега, а не во иднина, рече тој, нагласувајќи дека санкциите против Русија во моментов не се доволно одлучни.
Ново на Сител
-
Внимателно со барањата за високи плати, да не вивне инфлацијата!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вози Ауди Q8 купен од газда на фирма која набавуваше 3 пати поскап јаглен
-
СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година
-
Заврши изградбата на пречистелната станица во Дојран
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani