Литов Намдагжанчивин од Монголија ќе стане почесен член на ДПМ

Литов Намдагжанчивин од Монголија ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија, кое ја донесе оваа одлука поради особениот придонес на Намдагжанчивин во афирмацијата на македонската литература во Монголија и за поттикнувањето и интензивирањето на соработката меѓу македонската и монголската култура. Тој е почесен конзул на Монголија во Република Македонија.
Свеченото прогласување на Намдагжанчивин за почесен член на македонската писателска асоцијација ќе се одржи во вторник напладне во ДПМ. За неговото дело ќе зборува дипломатот и публицист Драган Јањатов.
Литов Намдагжанчивин е преведувач, архитект и сликар, кој долго време е соработник со Струшките вечери на поезијата за кои ја подготви Антологијата на современата монголска поезија. Негови преводи се застапени во познатата едиција на СВП „Плејади“.
- Резултат на неговата активност е подготвувањето на Антологија на македонската поезија во издание на Монголската академија за култура и поезија. Литов Намдагжанчивин подолго време непосредно соработува со Друштвото на писателите на Македонија и настапува со преводи и со свои песни на монголски и на македонски јазик. Тој е автор на преводите на стихови од низа македонски поети меѓу кои се Константин Миладинов, Кочо Рацин и Блаже Конески, соопшти ДПМ.
Ново на Сител
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
