Македонија
18. December 2021 - 16:31

Литија во Битола за Св. Нектариј Битолски

Со свечена литија низ улиците на градот, денеска Битола му оддаде почит на својот заштитник, Свети Нектариј Битолски. Митрополитот преспанско-пелагониски Петар, порача дека овој светец е заштитник на сите битолчани, без разлика на нивната вера. Свети Нектариј Битолски, кој бил роден во Битола во 14 век, живеел во многу тешко време, а ние треба да извлечеме наравоучение од минататото, потенцираше Владиката Петар.

- Да извлечеме поука од минатото кога живеел Свети Нектариј, кога било едно ропство, сега е заменето со друго ропство. Во смисла на нашето, понижување, нашето обезличување како народ, посебно мислам на Македонците, но секако се однесува и на другите. Тогаш се уривале цркви и манастири, сега се уриваат и уништуваат душите на граѓаните, на верните, православните и другите се со нашето обеличување,  сега е друго ропство, сега се уништувата душите на граѓаните на верните, православните и нашето обезличување, изјави Г. Петар, митрополоит Преспанско-пелагониски.

Во тропарот на Свети Нектариј стои дека Битола го воспитала него, а во тој дух, по повод празникот на градот, од оваа година Општина Битола воведува награди за талентираните ученици.

- Целта на ваквиот пристап е да ги насочиме младите на вистинскиот пат, да ја поддржиме трудољубивоста за наш напредок. Само преку добро образовани деца, млади луѓе, можеме да зборуваме за добри лекари, професори, архитекти и експерти во својата област кои ќе продолжат да ја создаваат иднината на градот во кој заендички живееме, изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Свети Нектариј Битолски како патрон на градот Битола организирано се прославува од 2008 година од страна на Општина Битола и Преспанско-пелагониската епархија.