ЛИСТА ЗА 300
„Листа за 300“ е квиз шоу со високи парични награди кои на учесниците им дава шанса да станат победат ако ја завршат листата со прашања.
Тоа е ТВ формат кој Сител го работи по лиценца на ITV International.
Паровите се составени од луѓе кои првпат се среќаваат и мораат да функционираат како тим за да го победат противничкиот тим во пополнувањето на одговорите што недостигаат во листата на зададена тема.
Од „Претседатели на САД“ до „Најдобри интернационални фубалски тимови“, напреварувачите ќе треба да пребаруваат низ својата меморија по одговори, а само уште еден одговор ќе може да им донесе победа.
Кога листата е објавена, секој тим „дава понуда“ колку точни одговори може да даде од таа листа. Секој тим е сместен во кабина со звучна изолација – така слободно можат да дискутираат и да ги подготват одговорите, да договорат тактика без противничкиот тим да може да ја слушне нивната стратегија или да дознае колку всушност точни одговори знаат.
Давањето понуди продолжува се додека еден тим не се повлече и тогаш тимот со највисока понуда ќе почне прв да ја одговара листата со прашања. Ако успешно го одговорат бараниот број прашања, тие ја освојуваат листата. Првиот тим што ќе освои две листи, оди во рундата со парични награди.
Повторно, треба да завршат листа, но овој пат, секој точен одговор е чекор нагоре на скалилото со пари, а највисоката награда е 300.000 денари. Сеедно дали ќе ја освојат најголемата сума или нема да освојат баш ништо, како победници од првиот круг, тие ќе се вратат да се соочат со нови противници, знаејќи дека ако ги победат, пак ќе одат во рундата со парични награди.
Победничкиот тим останува во игра во вкупно 5 круга или порано ако не ги победи тимот на предизвикувачи.Парите од наградите се делат подеднакво меѓу двајцата учесници.
Ново на Сител
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
