„Листа српска“ го условува враќањето со формирањето на ЗСО
„Листа српска“ е одлучна во ставот дека во косовските институции нејзините претставници ќе ги врати само формирањето на Зедница на српски општини (ЗСО).
- Дека главен услов за наше враќање во институциите е формирањето на Заедницата, ги информиравме и меѓународните претставници,потврдуваат од „Листа српска“ за приштински „Зери“.
Од друга страна, владини претставници велат дека Заедницата ќе се формира, но оти ваковиот процес „ќе одземе време“.
- Формирањето на Заедницата ќе одземе време. Заедницата не може да се формира без учество на „Листа српска“ во институциите. Наша законска обврска е формирање на Заедницата, но тоа ќе одземе време, изјави Бајрам Гецај, заменик министер за локална самоуправа.
Вицепремиерот во косовската влада Бранимир Стојановиќ е категоричен дека нема да се вратат во институциите без формирана ЗСО и нагласува дека учеството на Србите во институциите на Косово има за цел да се сменат основните услови за живот на Србите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата