Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, вчера во 14:00 часот на улица „Браќа Миладинови" во Тетово, го лишиле од слобода Љ.Т.(64) од Тетово.
Како што соопшти денеска МВР, при вршење на увид на претходно случена сообраќајна несреќа, полициските службеници утврдиле дека Љ.Т. управувал патничко возило „фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици, а било видливо дека е под дејство на алкохол и побарале да го алкотестират, но Љ.Т. одбил. Поради тоа Љ.Т., е однесен во Клиничката болница Тетово, за утврдување на нивото на алкохол во крвта, а потоа е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297а од КЗ „безобѕирно управување со возило".
Ноќеска во 03:00 часот на улица „Светозар Пепоски" во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.Т.(44) од Гостивар, кој управувал патничко возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистерски таблици, под дејство на алкохол, однсоно му биле измерени 2.08 % промили алкохол во крвта.
МВР соопшти дека Д.Т. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297 а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило".
Ново на Сител
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството