-->
-->
Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
-->

На 28.05.2026 година во 19:10 часот, од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, од слобода бил лишен М.И. (24) од Куманово.
Истиот ден, на автопатот во правец од Граничниот премин Табановце кон Куманово, било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И. При извршената контрола, во возилото биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја.
Од извршените проверки било констатирано дека лицето издржува казна затвор и во моментот се наоѓа на пауза.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
