Македонија
13. March 2024 - 11:19

Лишен од слобода криминалец од Гостивар баран со потерница

 Лишен од слобода 35-годишен криминалец од Гостивар, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна од година и два месеци во скопскиот затвор Идризово.

- Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера, околу 15 часот, на улица „18 Ноември“ во Гостивар го привеле 35-годишниот гостиварец С.С., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 14 месеци, информираат од МВР.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово во Скопје за издржување на казната.