Лишен од слобода агентот за недвижности кој при продажба на станови оштети повеќе граѓани
Агентот за недвижности кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. МИА дознава од доброупатени извори дека Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама.
Лицето е предадено на надлежна полициска станица за понатамошна постапка за потребите на истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје кое оформи предмет пред три дена по пријавите на граѓаните.
Агентот е уапсен три недели по пријавувањето на случајот во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.
Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра за еден ист стан, двајцата купувачи платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра. Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.
Од Град Скопје за МИА изјавија дека поради тоа што случајот е во истражна постапка сите дополнителни информации се во тајност.
Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната беа изоставени идентитетите.
Ново на Сител
-
Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Бове, изгуби свест на натпреварот против Интер
-
Продолжува црната серија на Манчестер Сити, пораз за „Граѓаните“ во дербито со Ливерпул
-
Кејн надвор од терените
-
Познати сите учесници на Светското клупско првенство 2025
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
РКЕ ќе соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари
-
Приватните превозници се враќаат на скопските улици
-
Во сообраќајна несреќа во Будва загина македонска државјанка