Линеарно зголемување на платите на вработените во Општина Аеродром
– Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претставници на Синдикалната организација на Општина Аеродром денеска потпишаа измени на Колективниот договор, со што се врши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари.
-Оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи мотивиран персонал може да постигне многу повеќе за граѓаните и за општината. Истовремено, потребата од потпишување на овој колективен договор е голема, особено во време кога се соочуваме со висока инфлација и општа економска криза, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски.
Со усогласувањето, како што информираат од Општина Аеродром, се предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на оние лица чии месечни примања веќе беа зголемени со самото покачување на минималната плата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
