Лилард надвор од терените на неодредено време
Кошаркарот на Милвоки Бакс, Демиен Лилард, најверојатно ќе биде надвор од терените на неодредено време, откако НБА тимот објави дека 34-годишниот бек има длабока венска тромбоза (згрутчување на крвта) на десната потколеница и зема лекови за разредување на крвта, пренесуваат американските медиуми.
Бакс обезбедија ажурирање за состојбата на Лилард без да дадат датум за неговото потенцијално враќање. Лилард ги пропушти последните три натпревари на Милвоки.
- Здравјето на Демиен е наш приоритет број еден. Ќе го поддржиме додека минува низ овој процес за да се осигураме дека е безбедно да се врати во игра. Лекарите укажаа дека е многу малку веројатно ситуацијата да се повтори. Благодарни сме што ова беше идентификувано и брзо третирано, што му помага на Демиен да закрепне, се вели во соопштението на генералниот менаџер на НБА тимот Џон Хорст.
Бакс посочија и дека лековите ја стабилизирале тромбозата, а Лилард ќе продолжи со редовните тестови.
Оваа сезона Демијан Лилард го освои својот деветти настап на Ол-стар. Моментално е на десеттото место по асистенции (просек 7,1) во НБА и е 11-ти по реализирани поени (просек 24,9).
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд