-->
-->
Лил ја прекина серијата на Милан од 24 натпревари без пораз
-->
Тимот на Милан синоќа загуби од Лил со 3:0 на домашен терен во дуел од 3. коло од групната фаза во Лигата на Европа.
Овој пораз е прв за „росонерите“ на 25 натпревари. На претходните 24 средби, фудбалерите предводени од тренерот Стефано Пиоли имаа биланс од 18 победи и шест нерешени натпревари.
Серијата на тимот на Милан започна од рестартирањето на минатата сезона, која претходно беше прекината поради коронавирусот.
Последниот пораз миланезите го имаа во март, исто така на домашен терен од, од Џенова со 2:1 во меч од италијанскиот шампионат.
На следниот натпревар Милан ќе игра со Верона во Серија А.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ