-->
-->
Ликвидирани убијците на полицајците во Астрахан
-->

Убијците на двајца полицајци во јужниот руски град Астрахан од пред два дена беа ликвидирани откако ранија тројца полицајци во нов напад.
Според полицијата станува збор за радикални исламисти кои пукале во припадници на безбедносните сили, кои се обиделе да го запрат нивниот автомобил. Во престрелката бил убиен еден од напаѓачите. Останатите тројца успеале да избегаат.
По полициска акција тие биле ликвдирани. Двајца од ранетите полицајци се во тешка здравствена состојба.
Убиството на двајца полицајци во Астрахан во вторникот беше извршено неколку часа по самоубиствениот напад во метрото во Санкт Петербург во понеделникот кога загинаа 14 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
