Ликовна уметност и хорско пеење во Карпош
Домашни и странски автори создаваа уметнички дела на ликовниот хуманитарен хепенинг што се одржа синоќа на платото во ТЦ „Лептокарија“ во Општина Карпош, како дел од програмата на традиционалното „Карпошовото културно лето’’.
Сликите се продаваат по симболична цена, од голем формат 10.000 денари, а од мал формат 1.500 денари. Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на уметничките слики, ќе бидат донација за настраданите од поплавените во скопскиот регион пред две недели, соопшти Општина Карпош, која им додели благодарници на уметниците учесници во галеријата.
Присутните на хепенингот имаа можност да ги слушаат изведбите на хорот „Серенада’’, со песни во етнокласичен стил, како и на хорот „Кочо Рацин“, кој ја комплетираше вечерта од овогодинешното културно лето во Општина Карпош.
Ново на Сител
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
-
Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан
-
Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици од октомври 2023
-
Воздушна тревога низ Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев
-
Состојба на патиштата
-
Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата