Ликовна манифестација „Творење и креирање дела од отпад од пакување“
Ликовна манифестација на тема „Творење и креирање дела од отпад од пакување“ ќе се одржи денеска во Кинотеката на Македонија.
Учесници на манифестацијата се млади творци, ученици од основните и средните училишта од нашата и од соседните земји.
Целта на оваа традиционална ликовна манифестација, која се организира секоја година, е подигнување на јавната свест на младите генерации преку креирање творби и дела од отпад од пакување.
Главната идеја е на младите ликовни творци да им се овозможи преку изразување на уметничката имагинација да визуализираат уметнички творби од отпадот од пакување. На овој начин ќе се упати јасна порака до свеста на секој поединец, дека отпадот е ресурс со соодветна употребна вредност.
На творците за најуспешните и најкреативните ликовни дела, оценети од ликовните педагози при Детскиот ликовен центар-Скопје, ќе им бидат доделени групни и поединечни награди.
Настанот се реализира во организација на Детскиот ликовен центар – Скопје, со финансиска поддршка од Колективниот постапувач за управување со пакување и отпад од пакување „Еуро-Екопак“ Скопје.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор