Фудбал
24. September 2015 - 9:09

Лига куп: Ливерпул по изведување пенали во осминафиналето

Екипата на Ливерпул по зиведување на пенали успеа да се пласира во осминафиналето од Лига купот. Синоќа на Енфилд беше елиминиран тимот на Карлајл (челн на Лига 2). Натпреварот заврши 1:1, а откако и по продолжението се изведуваа пенали.

Ливерпул поведе преку Дени Ингс во 23 минута, а изедначи Дерек Асамоа во 34 минута.
Во изведувањето пенали беше 3-2 за Ливерпул откако голманот Адам Богдан успеа да ги одбрани ударите на Гренџер, Џојс и Хери, за Ливерпул непрецизни беа Лалана и Кутињо.
Инаку, головите од пенал ги постигнаа: Милнер, Емре Чан и Ингс, а Дикер и Мек Квин за Карлајл.
 
На другите дуели од 4.коло одиграни синоќа:
Кристал Палас - Чарлтон 4:1,
МК Донс - Саутемптон 0:6,
Њукасл - Шефилд В. 0:1, 
Норвич - ВБА 3:0,
Тотенхем - Арсенал 1:2,
Волсол - Челзи 1:4,
Манчестер Ј. - Ипсвич 4:0.
 
Во осминафиналето на 27 и 28.октомври ќе играат: 
Манчестер Сити - Кристал Палас,
Ливерпул - Бурнемут,
Манчестер Јунајтед - Мидлсброу,
Евертон - Норвич,
Саутемптон - Астон Вила,
Шефилд В. - Арсенал, 
Хал - Лестер,
Стоук - Челзи.