-->
-->
Лига Европа: Меклафлин му „пресуди“ на Силекс
-->
Фудбалерите на Силекс загубија во реванш дуелот на Филип Втори од Вадуц со 2-1 и се елиминирани во првото квалификациско коло од Лига Европа бидејќи противникот беше подобар и на првата средба во Лихтенштајн кога победи со 2-1.
Натпреварот на Националната Арена донесе интересен фудбал и иницијатива на Силекс која резултираше со водство од 1-0 во 34 минута преку Мицков.
Во вториот дел Силекс стрпливо градеше игра и позиции за постигнување на втор погодок но гостите успешно се бранеа. Вадуц иако голем фаворит на оваа средба не успеа да дојде до посериозна шанса за погодок се до 87 минута кога главниот судија Меклафлин престрого покажа на белата точка за гостите по стартот на Глигоров.

Констанцо успеа да реализира и да израмни на 1-1.
Оваа судиска неправда ги демотивира фудбалерите на Силекс и тоа го искористи Констанцо за втор погодок и победа на гостите од 2-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична