Лидерот на воената хунта во Тајланд нареди засилување на контролата на границата
Лидерот на воената хунта во Тајланд, генерал Прајут Кан-оча, денеска нареди засилена контрола долж границите, откако поранешната премиерка Инглук Шинаватра не се појави во судот да ја слушне пресудата за предметот небрежност во служба, што се води против неа, пренесоа француските медиуми.
Според судиите на Врховниоит суд, таа им соопштила дека не може да се појави во судот поради здравствени проблеми.
Врховниот суд го одложи изрекувањето на пресудата за 27 септември.
Генерал Кан-оча пред новинарите изјави дека наредил засилување на контролата со цел да се зголеми безбедноста долж границите и во цела земја.
Властите немаат информации за местото каде во моментов се наоѓа поранешната премиерка и „не се знае дали навистина е болна“, рече министерот за одбрана, генерал Правит Вонгсуван, цитиран од ТАСС.
Тајландската полиција ги проверува податоците на весникот „Кхаосод“, што објави дека, според извори од опкружувањето на Инглук Шинаватра, таа преходниот ден со авион заминала за Сингапур.
Инглук Шинаватра не се смета за виновна во предметот поврзан со субвенции за оризопроизводителите. И се заканува казна од 10 години затвор. Според обвинението, државата претрпела штети во висина од 518 милијарди бати (14,8 милијарди долари).
Нејзиниот адвокат изјави дека не знае дали таа се уште е во Тајланд, откако не се појави во судот.
Шефот на тајландската имиграциска полиција, изјави дека нема податоци за тоа дека Инглук ја напуштила земјата.
Ново на Сител
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?