Лидерот на СИРИЗА избриша тројца членови на партијата, сите поранешни министри
Тројца членови на СИРИЗА, сите поранешни министри се на чекор пред заминување од партијата, откако лидерот Стефанос Каселакис соопшти дека со нивните ставови избрале да се стават вон партијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на најголемата грчка опозициска партија доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека Димитрис Вицас, Панос Скурлетис и Никос Филис „се појавуваат на телевизиите и водат опозиција против СИРИЗА“ и поради тоа за нив нема место во партијата.
Добив јасен мандат од членовите на СИРИЗА. Внатрешно партиските телевизиски спонзори на Владата на Мицотакис придонесоа да бидеме лишени од изборна победа. Некои велат од две. Она што е сигурно е дека нема да нè лишат од следната, напиша меѓу другото Каселакис.
Одлуката за исфрлање на тројцата високо партиски претставници, голем дел од грчките медиуми ја толкуваа како чекор пред распаѓање на СИРИЗА, со оглед на тоа дека по изборот на Каселакис на лидерската позиција, постојат несогласувања во самата партија.
Вчера, европратеникот Стелиос Кулоглу соопшти дека ја напушта еврогрупата на СИРИЗА и станува независен пратеник во Европскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање