Свет
22. January 2016 - 14:20

Лидерот на Подемос е подготвен да состави влада со социјалистите и другите левичарски партии

Лидерот на Подемос Пабло Иглесиас изјави дека е подготвен да состави влада со социјалистите и другите левичарски партии.

Иглесиас се сретна со шпанскиот крал Фелипе за да разговара за составот на новата влада заедно со лидерот на социјалистите Педро Санчес и со актуелниот десничарски премиер Мариано Рахој.

- Подготвени сме да составиме влада на промена со социјалистите и со Обединетата левица, посочи Инглесиас.