Лидерот на лабуристите побара оставка од Меј
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин ја повика премиерката Тереза Меј да поднесе оставка, поради загубите, кои ги претрпе нејзината партија на вчерашните парламентарни избори.
- Таа загуби места на конзервативците, загуби гласови, ја загуби поддршката и довербата. Тоа е доволна причина да си оди и да и го отстапи местото на влада, која ефикасно ќе ги претставува луѓето на таа земја, рече Корбин.
Меј изјави дека Велика Британија има потреба од стабилност и таа ќе преземе одговорност да ја обезбеди, ако освои најмногу места во Парламентот.
- Ако се покажат како правилни прогнозите дека Конзервативната партија освоила најмногу места и веројатно најмногу гласови, на нас ќе падне задачата да го обезбедиме тој период на стабилност и точно тоа и ќе го сториме, рече Меј, откако беше реизбрана во својот округ Мејднхед.
Според излезна анкета, објавена по изборите, конзервативците го загубиле апсолутното мнозинство во Долниот дом на Параламентот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам