Лидерот на грчката опозиција бара предвремени избори
Лидерот на главната грчка опозициска партија Нова демократија, Кириакос Мицотакис бара предвремени избори, оценувајќи дека „цената на нови избори е помала од задржувањето на сегашната левичарска Влада“, соопшти „Њуз ин“, пренесува БТА.
- Следната влада ќе ја има последната шанса за да ја насочи земјата на патот кон раст и развој, истакна Мицотакис.
Лидерот на Нова демократија се спротистави на евентуалните масовни отпуштања на државни службеници, на намалувањето на износот на двете дополнителни плати, со цел да се заштедат пари, но се согласи со промената на синдикалниот закон.
Експертите предупредуваат дека сето тоа е предвидено во рамките на новиот пакет мерки, што наесен треба да биде договорен со кредиторите во замена за следната транша од позајмицата на Грција.
Во септември сегашната Влада ќе се најде пред нов трагичен ќорсокак, прогнозираше Мицотакис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, обвинувајќи ја грчката Влада, дека со нејзините избори ја турка земјата кон стагнација и банкрот.
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми