Лидерот на Бошњаците во Србија бара автономија на Санџак

Претседателот на Бошњачкиот национален совет во Србија, Сулејман Угљанин денеска побара од српските власти и од Европската унија да се распишат „избори за формирање на територијана автономија на српската областа Санџак, каде мнозинството од жителите се Бошњаци.
Угљанин, кој е и лидер на Партијата за демократска акција на Санџак (СДА), нагласи дека барањето го базира на резултатите од референдумот за автономија на Санџак од 1991 година, кој не е признат од страна на Белград.
Лидерот на Бошњаците во Србија, исто така, побара и да се утврди датум за повлекување на српската полиција, војска и разузнавачки служби, како и на српските правосудни органи од Санџак.
Тој тврди дека Бошњаците се „туѓо тело во земја во која институциите се нарекуваат српска војска и српска полиција“ и оти државните органи кон бошњачко малцинство се однесуваат непријателски и дискриминаторски.
Ваквите изјави на Угљанин, српскиот министер за одбрана Александар Вулин ги оцени како провокативни. Тој додаде дека претседателот на Бошњачкиот национален совет сака да предизвика „неред и немир“, затоа што му пречи мирот и законитоста во Србија.
- Војската на Србија не е окупаторска сила за да се повлекува, таа е дел од секојдневниот живот на секој од нас и е чувар на нашата земја, како и на нашиот начин на живот. На тој што му пречи војската, му пречи и Србија, а му пречи и мирот и законитоста, истакна Вулин.
Тој додаде дека војската, полицијата и правосудните органи ќе продолжат да се грижат за мирот и законитоста на територијата на Србија и да ја гарантираат безбедноста на секој граѓанин, без оглед на верската или националната припадност.
- Србија им припаѓа на сите кои живеат во неа и тоа никој никогаш нема да го промени со својата омраза, посочи Вулин.
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
