Лидерите од ЕУ на онлајн самит, ќе се зборува и за „ковид пасоши“
– Лидерите на ЕУ на денешниот онлајн самит ќе разговараат за епидемиолошката состојба во Европа и усогласувањето на мерките за борба против пандемијата, а една од темите може да биде идејата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да се воведе „ковид пасош“ за кој членките на ЕУ имаат различни ставови.
Во писмото до претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицотакис предложи сертификатите за вакцинација да ги користат луѓе кои патуваат.
– Иако не сакаме вакцинацијата да биде задолжителна или предуслов за патување, луѓето кои се вакцинирани треба да имаат слобода да патуваат, рече грчкиот премиер.
Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека тоа може да се реши со комбинација на сертификати за вакцинација и негативни тестови за ПЦР за оние кои не биле вакцинирани.
Романскиот претседател Клаус Јоанис го отфрли предлогот на Мицотакис, велејќи дека „не е добро да се подели Европа на два дела“.
На денешниот состанок, покрај Јоанис, се очекува и некои други лидери на ЕУ да изразат несогласување за таквиот предлог.
Предлогот да се воведат сертификати за вакцинација не е нов за Европската комисија, која го разгледува уште од раните фази на пандемијата. Оваа идеја веќе беше спомената во Стратегијата за вакцинација на ЕУ на почетокот на декември како начин за подобро следење на стапките на вакцинација низ цела ЕУ.
Според „Еурактив“, Комисијата работи на насоки за сертификати за вакцинација и особено на нивната „компатибилност“ за да можат да се користат и да се препознаваат ширум блокот.
Кипар беше првата членка на ЕУ што почна со лобирање во декември за укинување на ограничувањата за влез во земја, како што е тест или карантин, за патници кои биле вакцинирани против Ковид-19.
Некои други земји, како Данска, објавија дека имаат намера да работат на „пасош за вакцини“. Во исто време, Франција, која има голем број скептици во врска со вакцината, ја отфрли таквата идеја.
Ново на Сител
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
-

Собранието ја утврди потребата за носење неколку закони, меѓу нив измените на законите за возила и за безбедност на сообраќајот
-

Кривична против две лица од Велес, одзеле паричници со пари по што од банкарски картички подигнале 23.000 денари
-

Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји
-

Родители на загинатите во „Пулс“: Комеморацијата е задоцнета
-

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат
