Лидерите од ЕУ на неформална средба во Малта ќе разговараат за миграцијата и Брегзит
Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ денеска ќе имаат неформална средба во Малта, пренесоа британските медиуми.
Двете работни сесии на заседанието на Европскиот совет ќе бидат посветени на миграцискиот притисок врз Европа и на Брегзитот.
Лидерите од ЕУ се очекува да ги одобрат плановите за ограничување на миграцијата од Африка кон Европа. Хаосот во Либија, меѓутоа, значи дека е малку веројатно решавањето на ова прашање на краток рок, забележуваат британските медиуми.
Европските лидери веројатно ќе прибегнат кон создавање на кампови за мигрантите уште на африканска територија.
Британскиот премиер, Тереза Меј, ќе учествува на средбата, и покрај тоа што веќе следниот месец планира да ги почне преговорите за излез на земјата од ЕУ.
Прашањето со миграцијата конкретно покажува дека Унијата уште долго време по Брегзит ќе треба да соработува со Велика Британија, една од двете главни воени сили во неа, заедно со Франција, и клучен донатор за Африка, забележа абританските медиуми.
Ново на Сител
-
Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
-
Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода
-
Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва