Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам
Верските лидери од Македонија здружено ќе се борат против насилниот екстремизам. Се заложија да ја зајакнат заедницата за да превенираат појава и развивање на феноменот верски радикализам кој е глобална закана во светот.
Потпишаа декларација со која го осудија секој вид говор на омраза и се заложија на потесна соработка со надлежните институции. Во следниот период внимателно ќе ги следат сите појави, активности со кои ќе се поттикнува омраза и се потенцијал за нарушување на мирот и соживотот во државата.
Како исламска верска заедница нема да дозволат било каков пандан на организацијата. Токму таквите групи во минатото биле детектирани од ИВЗ и пријавени како сомнителни заедници кои за жал добиле статус на религиозна група.
Реисот побара од надлежните институции кои се занимаваат со спречување на екстремизам да соработуваат со верските заедници.
Оваа иницијатива произлезе од МЦМС и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Пред неколку месеци полицијата се соочи со терористичка ќелија која претставуваше закана за цивилното население.
Во струшко гостиварскиот регион беше разбиена терористичка ќелија која имала за цел да регрутира нови членови, ширеле идеологијата на Исламската држава (ИСИС) и планирале напади на цивилни цели и јавни објекти.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар