Лидерите на Г7 подготвени за помош на Бразил во борбата против пожарите во Амазонија
Лидерите на Г7 изјавија дека се подготвени да му помогнат на Бразил во борбата со пожарите што горат низ Амазонија и да ја поправат штетата, додека десетици илјади војници се спремаат да се вклучат во гаснењето.
„Сакаме да помогнеме на најдобри можни начини“, изјави Макрон.
Ангела Меркел додаде дека Германија и останатите земји ќе му понудат поддршка на Бразил во обновата на шумите во Амазонија откако пожарите ќе бидат изгаснати.
„Се разбира, тоа е бразилска територија, но овие дождовни шуми се глобално прашање. Белите дробови на целата Земја се погодени и мора да најдеме заеднички решенија“, изјави Меркел.
Израел, исто така, понуди да испрати специјализиран авион како помош во гаснењето.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во петокот објави дека 44.000 војници ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарите, кои во рекорден број избувнаа низ Бразил оваа година. Сателитските снимки на Бразилската вселенска агенција регистрирале 41.000 пожари само во Амазонија оваа година и експертите велат дека повеќето од нив се предизвикани од фармери кои расчистуваат земјиште за нови земјоделски површини, во што се охрабрени од новата политика на Болсонаро, кој сака да ја живне економијата во тој регион.
„Претседателот Болсонаро нареди детаљна истрага и подметнатите пожари ќе бидат сериозно казнети“, кажа министерот за правда Сержио Моро.
Ново на Сител
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
-
Судот во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот
-
Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка