Лидер програма за претприемачи

Мобилни апликации што генерираат пазар и работни места, бизнис планови кои решаваат реални проблеми во секојдневниот живот, бизнис кластери, прехранбени производи и др. се бизнис идеите кои беа презентирани на деветото издание на интензивната бизнис обука „Лидер проект“.
Инструкторите на бизнис школото „Ричард Ајви“ од Канада имаа можност да слушнат и оценат четириесет презентации на бизнис планови од страна на учесниците.
Од организаторот Македонија 2025 велат дека од година во година учесниците на „Лидер проектот“ истапуваат со сè поамбициозни и пореални бизнис идеи.
- Лидер проектот е одлична можност за сите млади професионалци да се стекнат со дополнителни знаења и вештини кои ќе најдат примента во македонските компаниите. Искуството кое несебично го поделија предавачите од еден од најреномираните МБА програми во Канада е од големо значење за нашиот професионален развој, истакна Никола Маљановски, маркетинг менаџер на ЕкоКлуб ДООЕЛ Скопје.
На крајот беа доделени награди за најдобрите кои се одвоија од конкуренцијата според нивната уникатност, остварливост, како и начинот и убедливоста на нивното претставување.
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
