Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи

Во рамки на засилените контроли за сузбивање на појавата на питачење, полициските службеници во Дебар приведоа жител на Скопје, кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи.
-Вчеравечер во 20:40 часот, лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари. Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници, информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи - Охрид, Стефан Димоски.
За настанот, рече, известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во средината на минатиот месец, дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против мајка и баба поради принудување малолетно лице да питачи. Кривична пријава беше поднесена против Н.М.(28) од Струмица и нејзината мајка Д.Д.(57) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете”.
Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите. Питачи, деца и возрасни, најмногу има од Прилеп, Гостивар и Велес.
Ново на Сител
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
-

Застрашувачки сцени од Банкок - најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб
-

Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
-

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
-

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади
-

Министерот Мисајловски во посета на касарната во Ќојлија
-

Собранието ќе избира нови членови на Владата
