Лице од црна листа долетало од Авганистан во Велика Британија
Лице кое се наоѓа на британската црната листа со воен авион долетало од Авганистан во таа држава како дел од евакуацијата од аеродромот во Кабул, јавува Скај Њуз.
Неидентификуваното лице долетало во Бирмингем, а засега нема детали за тоа каде се наоѓа во моментов.
-Имаше луѓе во Авганистан кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност. Од таа причина Владата спроведе детални проверки за ги спречи оние што се осомничени дека се милитанти или претставуваат безбедносна закан ако влезат во Британија, изјавил владиниот портпарол.
Скај Њуз објави дека висок претставник на граничната полиција изјавил оти пет лица кои се на црната листа се обиделе да го напуштат Авганистан со британска помош и дека четворица биле запрени. Петтото лице успеало да се пробие до Бирмингем.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
