-->
-->
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-->
Во Полициското одделение Ростуше синоќа во 21.30 часот било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје.
Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода.
Додека, по извршени проверки било констатирано дека тој бил баран со наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело по член 392 став 2 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква