Македонија
26. July 2021 - 16:37

Лицата со попреченост незадоволни од средбата со министерката за труд и социјала

Лицата со попреченост револтирани излегоа од средбата со министерката Шахпаска. Не добиле конкретни рокови кога ќе се исполнат нивните барања за зголемување на додатокот што го земаат, отворање на рехабилитациони и дневни центри во општините, како и други барања за кои како што велат надлежните со години немаат слух. Порачаа дека во среда повторно ќе ги бараат правата на улица.

Министерката Шахпаска пак уверува дека оваа категорија на граѓани се високо на агендата на Владата. Покачување на надоместокот што го земаат ќе има, но од следната година.

Со 7.100 денари што ги добиваат како помош од државата лицата со попреченост и нивните родители велат дека едвај врзуваат крај со крај. Предлагаат државата да помогне и на товар на фондот да ги стави мерачите на притисок и шеќер, како и белите стапови кои им се потребни на слепите лица.